Прва награда за сопственикот на „Адут ГВН“ на Меѓународната научна агробизнис конференција во Копаоник

За првпат е доделена првата од седумте награди: Повелбата „ Долина на кралевите, вековите и јоргованите“ на македонски производител, што традиционално се доделуваат на Меѓународната научна агробизнис конференција во Србија. Конференцијата претставува значаен настан за агробизнисот и има клучна улога во градење на платформа за истражувачите, стручните лица и стопанствениците за размена на најнови знаења од област на науката и праксата за одржување на концептот за производство на здрава храна.

Сопственикот на компанијата „Адут ГВН“ од Куманово, Драган Цветковиќ, oсновач на здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина „Живот“, и претседател на Комората на oргански производители на Македонија е добитник на Повелбата „Долина на кралевите, вековите и јоргованите“ која традиционално се доделува на Меѓународната агробизнис конференција. 

Централна тема на овогодишната 11 -та „МАК 2024“ беше „Храна на иднината – визија на Србија, регионот и Југоисточна Европа” а се одржа на почетокот на февруари на Копаоник. На конференцијата, како што информираат организаторите, присуствувале претставници од 15 земји кои активно учествувале во реализација на програмата во чии рамки биле претставени најновите резултати од научните истражувања и достигнувања во производството на здрава храна.

-Во презентациите, дискусиите и неформалните разговори, учесниците имаа можност непосредно да разменат знаења, искуства и идеи за иднината на храната, земајќи ги предвид специфичностите и потенцијалите на Република Србија, регионот и Југоисточна Европа.

Во текот на три дена, програмата на Конференцијата беше реализирана преку пленарни презентации, панелни дискусии, работилници и презентации, во кои беа обележани различни аспекти на агробизнисот, иновациите во земјоделството, одржливиот развој и пазарните трендови со фокус на иднината на храната во Србија, регионот и Југоисточна Европа“, објаснува Цветковиќ.

Оваа година за прв пат е доделена првата награда на претставник од Македонија. Повелбата на Драган Цветковиќ му е доделена како признание за извонредниот придонес во подобрувањето на конкурентноста и зголемување на пазарната валоризација на органските производи и услуги.

„Господинот Драган Цветковиќ со својот труд и ангажман значително придонесе за креирање и зацврстување на врските помеѓу деловниот сектор и научната заедница, што позитивно влијае во областите на агробизнисот.

Тој практично со своето залагање, значително придонесува во подобрувањето на земјоделското производство, промоцијата на органските производи и развој на практиките за користење на традиционалните методи во производство на храна

На господинот Драган Цветковиќ му доделивме признание кое е заслужено и му посакуваме да му претставува инспирација да продолжи со посветениот труд, да ги задржи досегашните врски и да изгради нови помеѓу стопанството и науката, и во иднина да придонесува во подобрувањето на земјоделското производство, развојот на заедниците и подобрувањето на квалитетот на животот“, кажа Проф. д-р Миливоје Ќосиќ, шеф на кабинетот на министерот без ресор задолжен за координација на дијаспората, стои во соопштението од Милан Јовичиќ, координатор на проектот МАК.

Инаку Цветковиќ сите овие активности ги реализира преку „АДУТ ГВН“, претпријатие кое покрај производство и трговија со органска храна е познато и како успешен организатор на Меѓународниот саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“ Куманово.  Цветковиќ, е основач на здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина „Живот“, кое покрај бројните меѓународни манифестации, е препознатливо по организирањето на саемот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и претседател на Комората на органски производители на Македонија. 

Покрај здруженијата на Цветковиќ, годинава на „МАК 2024“ од Македонија активно учество земаа: Здружението „Живот“ од Куманово, „Кенди“ од Скопје, „Адут ГВН“ од Куманово, „Органика Нова“ од Скопје, „Мошамел“ од Куманово, „Капија Фудс“ од Прилеп, „Амор Вел“ од Куманово, Технолошкиот факултет од Битола и Комората на органски производители на Македонија.

Меѓународната научна агробизнис конференција МАК 2024 претставува значаен настан во област на агробизнисот и има клучна улога во градење на платформа за истражувачите, стручните лица и стопанствениците со цел да се запознаат и разменуваат најнови знаења од област на науката и праксата, научно-истражувачките резултати кои претставуваат перспектива за развој на соработка во оваа област.

Во тој контекст, организаторите напишаа: -Во обид да го привлечеме вниманието на јавноста кон позитивниот придонес на поединци, компании, здруженија кои ги негуваат добрите деловни практики, ја почитуваат деловната етика, уважуваат личности, партнери, клиенти и потрошувачи, оваа година традиционално на Конференцијата „МАК 2024“ беа доделени седум награди – Повелба „ Долина на кралевите, вековите и јоргованите“.

Конференцијата беше организирана од Научниот бизнис центар „WORLD” од Краљево во соработка со Институтот за заштита на билки и животна средина од Белград и Центарот за истражување, наука, образование и посредување „CINEP” од Белград.

Соорганизатори на Меѓународната агробизнис конференција „МАК 2024“ беа престижни факултети од Србија и странство: Косовска Митровица (Србија), Источно Сараево (Република Српска, БиХ), Дијарбакир (Турција), Битола (Македонија), Тирана (Албанија), ВИСАН од Белград и познатите здруженија: Здружение за развој на земјоделство и заштита на животната средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет “Живот” од Куманово (Македонија), Миколошки сојуз на Србија, Фрактал група (Србија), СЛ Група (Словенија, Кипар).

Покровители на конференцијата беа: Привредна Комора на Србија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за наука, технолошки развој и иновации, Министерство без ресор односи со дијаспора, Градот Краљево, Општина Врњачка Бања, Општина Лопаре, Република Српска (БиХ), Кинолошкиот сојуз на Србија, Ником Ауто, Крагуевац, Винарија Чока, Винарија Охрид и многу други.

Повеќе..

Американскиот амбасадор Бејли во посета на Адут Гвн

Денес американскиот амбасадор Бејли го посети Адут Гвн, семеен бизнис за производство на зачини, кој учествуваше во наши проекти, и прерасна од производи за пакување, во кои сега се произведуваат автохтони видови грав.

Повеќе..
mk_MK