ЗА АДУТ ГВН

Збор, два за нас

image
image

„АДУТ ГВН“ се занимава со конфекционирање  на најосновни додатоци во исхраната уште од почетокот на 2000-та година. АДУТ ГВН ја основавме како семејна компанија со седиште во чиста рурална средина далеку од индустриските објекти.

Од компанија која што во прво време се занимаваше само со конфекционирање на зрнести и прашкасти производи,  постепено прерасна во компанија која што почна да инвестира во сопствено производство на зачини, прехрамбени киселини, сушење и дехидрирање на овошје, зеленчук и зачини, како и сопствени насади на одредени неиндустриски житни култури, магданос, оригано, различни зачински пиперки, чили и друго. Сето тоа наметна и воспоставување на јаки и долготрајни партнерски односи со нашите добавувачи и купувачи.  Резултатот од ваквата соработка е поставувањето на највисоки стандарди за нашите купувачи и секогаш подразбира коректен однос, сигурност во квалитетот на производот, достапност на производите од нашата понуда на пазарот, како и постојано воведување на новитети и нови производи од нашиот бренд.

Од 2016 година компанијата станува и извозно ориентирана со што нашите производи им се веќе достапни и на купувачите во соседна Бугарија, Албанија и Косово. Со отварањето на пазарите во нашите соседни држави се појави и потребата од зголемување на количинте на суровинскиот дел, со што менаџментот на компанијата во почетокот од 2016-та донесе одлука за купување на сопствено земјиште и засадување на сопствени насади со зачинска пиперка, магданос и оригано. Гордост ни е да ја претставиме компанијата и како прва компанија во Македонија која има свои насади на ЧИЛИ во Републиката.

Денес „Адут ГВН“ е компанија која во својата палета на производи има 140 производи кои се произведуваат по ХАСАП стандардот, располага со сопствен простор од 600 м2, сопствен возен парк, како и развиена дистрибутивна мрежа на целокупната територија на Република Македонија. Без разлика на сите предизвици на кои наидува компанијата, менаџментот и понатаму вложува и ќе вложува во истражување и развој на сопствените производи што всушност претставува и наша примарна цел.

mk_MK