08
Сеп
-
Prep
-
Cook
-
Ready In
-
servings
Ingredients
- 300 гр јагнешки кукурек ( цревца )
- 300 гр јагнешки жеудник
- 200 гр јагнешки црн дроб
- 200 гр јагнешки бел дроб
- 300 гр јагнешко месо без коска
- јагнешка марамица
- 1 поголем кромид
- 2 домати
- 2-3 пиперки
- 3-4 чешниња лук
- 1 голема лажица црвен пипер
- магданос
- брашно за валање на изнутриците
- ловоров лист(1-3 по вкус)
- коцка супа
- сол и бибер
- масло за јадење
Directions
- Пред готвење сето месо и изнутрици треба убаво да де измијат и исчистат.
- Ситно исецканиот кромид се пропржува на масло за јадење, па му се додаваат исецканите пиперки и исецканите и излупени домати, се посолува.
- Оваа смеса треба уваво да се пропржи и да биде во поголема тава.
- Исецканото јагнешко месо и дробовите посолете ги и забиберете ги, па увалкајте ги во брашно.
- Вака припременото месо ставете го во тава на оган да се испржи.
- Во тенџере сипете вода и ставете коцка супа да зоврие, па од припремената супа сипете во тавата со динстан зеленчук
- Во тавата со зеленчук додајте го црвениот пипер, сецканиот лук и ловоровите листови, додајте уште малку од супата, па ставете го внатре прженото месо.
- Тавата ставете ја на тивок оган покриена со капак да се „крчка“.
- Кукурекот и јагнешките желудци исецкајте ги на парчиња, посолете и забиберете ги.
- Jагнешките црева ( кукурекот ) и желудците увалкајте ги во брашно и пропржете ги во истата тава каде се пржеше месото и дробовите.
- Ситно исецкајте магдонос и додајте го во тавата со супа и месо, додајте ги пржените црева и желудци, убаво измешајте за да се хомогенизира смесата.
- Вака припременото јадење се пресипува во земјани тави и се прекрива со јагнешка марамица, се затвора со капак и се пече во рерна на 250 степени околу 20 минути.
Footnotes
-
Cook's Note:
-
Editor's Note: