На 21 септември во Куманово во рекреативниот центар – спортска сала со почеток во 10.00 часот ќе биде отворен меѓународниот саем на органски производи и традиционална храна. Се одржува во организација на здружението “ЖИВОТ” и со поддршка на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и има за цел подигнување на јавната свест за потребата на одржлив начин на живот.
Уште еден предизвик со убав резултат. Осушена органска аронија чувана во зимски услови.
Го продолжуваме патот кон зачувување и обновување на традицијата.
За првпат по 10 години Македонија има свој штанд на најголемиот саем за храна и земјоделство GreenWeek во Берлин.
Посетители од цел свет ги дегустираат нашите традиционални производи. На штандот има и македонски ресторан од Берлин каде се готви македонска национална храна.
На штандот се најдоа и најновите производи Шарено и Планинско гравче на АДУТ ГВН
Денес Амбасадорот на САД во Република Македонија го посети погонот за производство на АДУТ ГВН и имаше прилика да се запознае со новите производи кои се подготвуваат и пакуваат во нашиот производствен капацитет. (more…)
Чест ни е да соопштиме дека АДУТ ГВН официјално доби сертификат органско производство на храна. (more…)
Особена чест и задоволство ни е што денес ги имавме на гости едни од главните носители на Институтот за генетика.
Дел од атмосферата на предавањето организирано од Академијата на Науките и Уметностите на Р.Македонија, на кој Адут ГВН зеде свое активно учество.