Органска сушена аронија од АДУТ ГВН
Уште еден предизвик со убав резултат. Осушена органска аронија чувана во зимски услови.
Уште еден предизвик со убав резултат. Осушена органска аронија чувана во зимски услови.
Особена чест и задоволство ни е што денес ги имавме на гости едни од главните носители на Институтот за генетика.
Професорката Соња Ивановска и Про-деканот Мирјана Јанкуловска извршија селекција на најголемата приватна збирка на стари сорти обоен грав.
На официјалното затварање на проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД во кофинансирање со Владата на Швајцарија, амбасадорот на САД во Република Македонија, господин Џес Бејли и Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер заедно со претставници на УСАИД го посетија штандот на АДУТ ГВН при што можеше од блиску да се запознае со традиционалните македонски зачини кои ги подготвува и пакува АДУТ ГВН.
Дел од атмосферата на предавањето организирано од Академијата на Науките и Уметностите на Р.Македонија, на кој Адут ГВН зеде свое активно учество.
Проект за развој на компетитивност и иновативност.
Општина Ќустендил, Р.Бугарија
Денес особено задоволство ни беше што во Адут ГВН имавме посета од страна на Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ и М-р. Бојан Јовановски, придружувани од координаторот на проектот Димитар Тасевски