На 21 септември во Куманово во рекреативниот центар – спортска сала со почеток во 10.00 часот  се одржа свеченото отвроање на овогодинешната органска трпеза. Над 100 учесници земаа учество во претставување на своите органски производи.

Производители, компании, земјоделци од државава и од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска и Словенија, денеска ги изложија своите производи на Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза” што се одржа во спортската сала во Куманово, во организација на Здружението на развој на земјоделството, заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот”. Манифестацијата има за цел промоција на органското производство. 

 

Чест ни е што на отворањето присуствуваше и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, господинот Трајан Димковски.

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на отворањето на саемот истакна дека ова манифестација претставува склоп на активности кои ја поврзуваат нашата традиција со трендовите на светските пазари.

-Во соработка со Владата и надлежните министерства и институции посветено работиме на поддршка на производителите и бизнисите кои интензивно вложуваат во развојот на органското производство во државата. Поддршката преку директните плаќања кај органските производители е зголемена од 50 до 100 проценти од поддршката кај конвенционалните земјоделски производители. Во финална фаза е и подоготвка на мерката за сертификација на региони, а до до крајот на годинава ќе се објави и мерката за поддршка на отварање на органски продавници, рече министерот Димковски.

Тој најави дека Владата и Министерството ќе го стимулираат развојот на овој сектор со постоечките и нови мерки.

Посочи дека ќе се работи и на промоција на подигање на свеста кај населението за бенефитите од органското производство.

 

-Производителите на органските производи преставиваат важна алка во синџирот на производството. Швајцарија од почетокот  е вклучена во поддршката на органското производството и ќе продолжиме со поддршката, рече Тоамжан.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска рече дека со вакви манифестации Куманово се вбројува во подрачја каде се произведува органска храна.

-Од наредната година посакувам да излеземе со сертифицирани и брендирани производи кои ќе го носат знакот на Куманово и овој регион, рече Мургашанска.

Претседателката на здружението, Благица Цветковиќ, истакна дека оваа манифестација е замислена како изложбен простор каде можат да се видат органски производи, на едно место да се соберат производителите и на органски производи и на традиционалната храна.

Производителите се надеваат дека манифестацијата ќе придонесе да се зголеми интересот кај граѓаните за користење на органски производи, но и дека претставува убава можност на која се запознаваат меѓусебе, разменуваат искуства и идеи за понатамошно ширење на производството.

 

Текстот е превземен од kumanovskimuabeti.mk, за повеќе прочитајте тука