На официјалното затварање на проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД во кофинансирање со Владата на Швајцарија, амбасадорот на САД во Република Македонија, господин Џес Бејли  и Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер заедно со претставници на УСАИД го посетија штандот на АДУТ ГВН при што можеше од блиску да се запознае со традиционалните македонски зачини кои ги подготвува и пакува АДУТ ГВН.

Проектот беше имплементиран од страна на Центарот за развој на претприемништво и менаџмент ЦЕЕД – Македонија а Адут ГВН беше активен учесник во целокупниот процес.