Особена чест и задоволство ни е што денес ги имавме на гости едни од главните носители на Институтот за генетика.

Професорката Соња Ивановска и Про-деканот Мирјана Јанкуловска извршија селекција на најголемата приватна збирка на стари сорти обоен грав.

Во земјоделско производство започнуваме со 37 вида, 9 вида во умножување на семенски количини и дури 108 ќе бидат подарени на Институтот за генетика за целосна бројка од дури 154 различни видови обоен грав.